Српски студенти им помагаат на лица со оштетен вид да ги “чујат“ боите

66

Mobile Phone In Hands

Четворица студенти од Математичкиот факултет од Белград направија бесплатна апликација која ќе им помогне на лицата со оштетен вид и далтонистите да можат да ги чујат боите.

Корисниците на мобилните телефони, чија платформа е windows, може да ја користат оваа апликација, што ќе биде достапна за две недели и на андроид уредите, целосно бесплатно.

Зад оваа апликација стојат студентите Лазар Радосављевиќ, Ѓорѓе Релиќ, Никола Цимбаљевиќ и Даниел Шарановиќ.

studenti belgrad

“Основната верзија на апликацијата функционира така што лицето кое има оштетен вид, преку апликацијата може да ги фотографира објектите кои го интересираат, а веднаш потоа ќе добие говорно известување која боја доминира на фотографијата. Секоја боја е поврзана со одреден тон, така што корисникот може да научи да ги слуша боите“, вели Релиќ за српски 24 сата.

Оваа апликација засега препознава 10 бои, но со текот на времето се очекува надоградување.