Ulysse Nardin Chairman, најскапиот телефон на светот, е пуштен во продажба. Цената на овој луксузен смартфон се движи од 12.000 па се до 50.000 долари, со што постави нов Гинисов рекорд на најскап телефон во светот.
Станува збор за еден луксузен хибрид смартфон, направен по највисока технологија, кој доаѓа во лимитирано издание од само 1846 телефони.
Оваа скапа колекција на телефони, која е произведена во чест на изработувачот на луксузните Ulysse Nardin часовници, може да се нарача од овластените продавачи во Индија, но исто така и од Чешка, Русија, Израел, Шпанија, Карибите, Романија, Молдавија, Бугарија и Азербејџан.
Ulysse Nardin луксузниот телефон користи андроид 2.1 оперативен систем, има камера од 8 мегапиксели со HD видео и меморија од 32 GB. Смартфонот оди со надворешен USB приклучок и премиум звучници кои можат да бидат управувани од повеќето Bluetooth уреди. Најскапиот телефон во светот може да се најде во пет различни бои.