Минатата недела во Полача крај Задар е отворен првиот дифузен хотел во Хрватска, нова категорија што ја воведе Министерството за туризам.
Со воведувањето на оваа категорија, овозможено е повеќе од два објекти со заедничка рецепција и останати соджини да се здружат во дифузен хотел.
Ражњевиќа двори, првиот дифузен хотел во Хрватска е составен од шест функционално поврзани камени објекти сместени на имот од 1,7 хектари.
Разликата меѓу дифузните и стандардните хотели е во тоа што дифузните не се просторно ограничени, сместени се во различни згради, во различни улици, сместувачките единици се меѓусебно различни, а сопственичката структура не е ограничена на еден сопственик.
Според министерот Дарко Лоренцин, со оваа мерка на приватните изнајмувачи им се помага во јакнење на конкурентната позиција на пазарот, особено во време на пред и после сезоната.