Наместо да ги броите препорачаните осум чаши вода дневно, во вашите раце наскоро ќе имате паметна шолја што може да идентификува колку течност сте испиле, како и количината на внесени кофеин, масти, шеќер или други материи како што се натриум и протеини.
На овој начин може да контролирате дали сте претерале со кафето или сте заборавиле да ја испиете потребната количина на вода.
Vessyl шолјата е уште еден од бројните технолошки пронајдоци кои се грижат за здравјето на луѓето. Нејзиниот капацитет е околу 400 милилитри и е дизајнирана во три бои. На располагање се и осум тонови за горниот дел што се наоѓа под капачето.
Батеријата обезбедува функционалност во текот на пет до седум дена, а целосно се полни за еден час. Оваа магична шолја се очекува да се појави на пазарот на почетокот на следната година и тоа по цена од 199 долари, а во претпродажба може да се набави за 99 долари.