Harley – Davidson го претстави својот прв електричен мотоцикл, LiveWire. Овој модел нема да биде пуштен во продажба, туку е дизајниран само за компанијата да добие увид во она што очекуваат купците од електричниот Harley. Следната недела љубопитните ќе можат да го испробаат во САД, на легендарниот Route 66, а следната година ќе и биде претставен и на европската јавност.
Овој модел има 74 коњски сили, максимална брзина од 148 km/h и забрзување до стотка под четири секунди. За да не ги изневери љубителите на мотори, ќе има посебен уред кој ќе произведува бучава, за да звучи како “вистински”.
LiveWire е само прототип и ќе бидат потребни барем уште две години развој за да дојде на пазарот.