ExxonMobil во преговори за истражување на турски гас од шкрилци

45

shale-extraction

Американски ExxonMobil е во преговори со државната Турска нафтена корпорација (ТПАО) за истражување на гас од шкрилци во југоисточниот и северозападниот регион на земјата, вели Селами Инчедалчи, шеф на директоратот за нафтени работи при министерството за енергетика.

За истражување на турски гас и нафта од шкрилци се заинтересирани и инвеститори од САД, Европа и Канада, изјави Инчедалчи во интервју за Ројтерс, пренесуваат турските медиуми.

Според Инчедалчи, енергетскиот гигант ExxonMobil доаѓа во Турција за партнерство со ТПАО.

Тој посети дека оваа компанија претходно беше заинтересирана за истражување во морето, но овој пат е заинтересирана за потрага по ресурси во турската почва.

Турција сака да ја намали зависноста од увозот, па ги засили напорите за истражување во Црното Море и Медитеранот, во соработка со странски компании.