Најмалку 100.000 работници ќе се вработат за производство на новиот iPhone 6

46

iPhone6

Производниот партнер на iPhone, Foxconn ќе вработи 100.000 работници за производство на новиот iPhone 6, пренесува порталот 9to5mac.

Другиот производител на iPhone, Пегатрон, исто така подготвува голем ангажман за нови работници. Овие масовни вработувања не се невообичаени пред производството на нови модели на iPhone, но во случајот на Foxconn бројот од 100.000 нови работници претставува рекорд.

Според информациите, Foxconn наводно ќе преземе 70% од нарачките на новиот iPhone, а масовното производството започнува во јули.

Како што претходно пишуваа медиумите, на пазарот во текот на оваа година ќе се лансираат два нови модела на iPhone 6, со екран од 4,7 и 5,5 инчи.