Double Bubble – мал патнички авион на иднината

49

double bubble

НАСА побара од Универзитетот за технологија Mасачусетс да дизајнира помал авион што ќе троши помалку гориво.

Авионот има широк труп, моторите се сместени во задниот дел, со намален распон на крилата и обратно завртен нос на авионот.

Double Bubble има капацитет од вкупно 180 места, а ќе троши дури 70% помалку за разлика од стандардниот Boeing 737, а покрај тоа и помалку ќе го загадува воздухот и ќе прави помалку бучава.

НАСА верува дека овој авион ќе биде подготвен за првиот лет во 2035 година, за кога се претпоставува дека и авионскиот сообраќај двојно ќе се зголеми. Инженерите најверојатно ќе креираат пробен модел кој ќе се тестира ова лето.

Double Bubble не е првиот “зелен“ авион чија цел е да се користи помалку гориво и да се заштити животната средина. Рецесијата што започна во 2008 година драстично ја зголеми цената на керозинот. Во последните три години, цените достигнаа највисоко ниво, и доколку се земе во предвид пад на бројот на летови, авиокомпаниите заработуваат само 2,4%.

Доколку авионите летаат на погон на обновливи извори на енергија, биогориво и “зелен дизел“, тоа ќе ја намали цената на летот, а со самото тоа и цената на билетите. Сето тоа заедно може да ја унапреди оваа гранка, бидејќи зголемениот број на патници носи поголема заработка за авиокомпаниите.