Microsoft го претстави својот прв паметен телефон со оперативен систем Андроид, Nokia X2. Microsoft, кој има сопствен OS Windows phone, во април ја презеде мобилната дивизија на финската компанија Nokia.
Новиот уред од серијата паметни телефони X, го има дизајнот карактеристичен за Nokia, со маски во црна, бела и силни пастелни бои, како што се портокалова и зелена. X2 има екран ClearBlack од 4,3 инчи, поголем од претходниот, задна камера од пет мегапиксели со блиц и автофокус, како и предна камера од 0,3 пиксели, двоен процесор Qualcomm Snapdragon 200 од 1,2 GHz, еден гигабајт RAM меморија и две СИМ картички.
Х2 доаѓа со апликациите на Microsoft како што се Skype, Outlook и OneDrive со 15 GB простор, а останатите апликаци се достапни во Nokia Store.
Овој паметен телефон би требало на светскиот пазар да се појави во јули по цена од 99 евра.