Србија доби дозвола за директни летови од Белград до САД од втората половина на 2015 година, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ. Air Serbia ќе лета на линијата Белград – Чикаго, изјави Вучиќ на заедничката прес конференција со амбасадорот на САД, Мајкл Кирби, јавува Танјуг.
Амбасадорот на САД изјави дека Србија ги исполнува строгите услови на американските воздухопловни власти и одлучиле да добие статус категорија 1, која овозможува директни летови од Белград кон САД.
“По многу години, повеќе децении, добивме дозвола повторно да летаме кон САД и веќе во втората половина на 2015 ќе летаме од Белград кон Чикаго, а ќе се бориме да летаме и за Њујорк”, изјави Вучиќ.
На добивањето категорија 1 му претходеше цела низа проверки во областа на безбедноста – на регулативите, надзорот, организацијата и аеродромите.