Хрватска станува “halal friendly” дестинација, па од оваа туристичка сезона многу хотели и ресторани ширум земјата на своите рецепции и влезови ќе ја носат оваа ознака.
“Халал значи дозволено. Халал можат да бидат различни видови производи, како храна, козметика, лекови и предмети за општа употреба, но и услуги во трговија, угостителство, банкарство… тоа е дополнителна контрола која гарантира сигурност на квалитетот”, вели Алдин Дугоњиќ од Канцеларијата за халал на Исламската заедница во Хрватска и додава дека во земјата веќе има 50 сертифицирани произведувачи на храна, 12 хотели, два ресторани, еден кетеринг и една туристичка агенција што работат по овој стандард, пишува Вечерњи лист.
Според Дугоњиќ, 15% од хрватските произведувачи го зголемиле извозот за 4% откако имаат халал сертификати и наведува дека халалот во светскиот туризам има 13% удел, а “халал туристот” во просек троши 500 долари повеќе од турист од ЕУ.