HitchBOT – Робот што патува авто-стоп и ги раскажува авантурите на социјалните мрежи

72

hitchbot

Роботот hitchBOT ова лето ќе патува низ Канада авто – стоп и потоа сите свои авантури ќе ги споделува на социјалните мрежи.

“Ова лето ќе патувам низ Канада. Се надевам дека ќе запознам нови пријатели, ќе водам интересни разговори и ќе видам нови места додека патувам. Како што може и да претпоставите, робот не може да добие возачка дозвола, па затоа авто – стоп ќе патувам низ земјата. Моето патување го испланиравме заедно со едно големо семејство од научници и истражувачи во Торонто. Патувањето започнува од источниот кон западниот брег во јули“, стои на официјалната страница на hitchBOT.

hitchbot-real-540x304

Овој робот има вградено систем за вештачка интелигенција што му овозможува да препознае говор и да комуницира со луѓето со кои ќе патува. “Паметниот“ робот има и GPS уред, 3G безжично поврзување и камера, со што постојано ќе може да се следи секое негово движење и активност.

HitchBOT е изум на Дејвид Харис Смит од Универзитетот МекМастер и на Фраук Зелер од Универзитетот Риерсон, и двајцата од Онтарио, Канада.

20140707-120444-g

“Загрижени сме дали може да им веруваме на роботите… но, овој проект има за цел да даде одговор на друго прашање – дали роботите можат да им веруваат на луѓето“, вели Зелер.

HitchBOT својата прва задача ќе ја има на 27 јули, кога започнува тест периодот. Возачите кои ќе го примат hitchBOT во својот автомобил ќе имаат обврска да ја наполнат неговата батерија со помош на запалката за цигари што обично може да се најде во секој автомобил.