На повидок спојување меѓу БАЕ системс и ЕАДС

59

Британскиот производител на оружје БАЕ системс и европската авиоиндустрија ЕАДС преговараат за можно спојување, што би можело да доведе до основање на глобален лидер во областа на воздухопловството, одбраната и безбедноста. Според предложеното спојување, акционерите на БАЕ би требало да добијат 40%, а акционерите на ЕАДС 60% од новата компанија.

“Предложениот договор би го променил европскиот одбранбен пазар”, рече аналитичарот Гај Андерсон од компанијата ИХС Џејн.