Околу 200 менаџери вработени во дивизијата за мобилни телефони на компанијата Samsung Electronics доброволно вратија дел од своите бонуси поради лошите деловни резултати, јавува CNBS.
Компанијата Samsung Electronics на почетокот на овој месец објави оперативен профит кој беше далеку под очекувањата на големиот број аналитичари. Најголемиот светски производител на паметни телефони се соочува со забавување на растот на пазарот и соочување со конкуренцијата.
Одлуката да се вратат бонусите беше голем гест на менаџерите, што покажува дека тие ја преземаат одговорноста за падот на приходите. Од друга страна, менаџерите сакаат да упатат порака до менаџментот и акционерите дека во иднина ќе работат повнимателно на остварување на своите цели. Проценките велат дека вкупната вредност на вратените докази би можеле да бидат околу три милиони долари.