Текстилната индустрија во Црна Гора се соочува со недостиг на работници

153

Sewing background Недостиг од работници и нелојална конкуренција се главните проблеми кои ги загрозуваат компаниите од текстилната индустрија во Црна Гора, оценуваат експертите и предупредуваат доколку нешто не се преземе таа индустрија за пет години нема да постои. Претставниците на текстилните компании предупредуваат на алармантност на ситуацијата во врска со дефицитарниот кадар, пренесуваат тамошните медиуми. Тие на состанокот, кој беше одржан во Стопанската комора на Црна Гора (ПКЦГ), истакнале дека пазарот за нив не е проблем и дека кај нив не доцнат платите, но поради големината и недоволниот број на работници не може да бидат конкурентни. “Договорено е ПКЦГ да ги обедини барањата на производителите, односно колку работници им се потребни и од кои профили и тоа да го достават во Заводот за вработување на Црна Гора за да се направи селекција на заинтересираните за обука кај потенцијалните работодавачи“, соопштуваат од црногорската стопанска комора.