Кога во последен момент ќе забележите дека вашиот омилен фустан е валкан, или пак немате чиста кошула за важен состанок, вообичаено се чувствувате непријатно и станувате нервозни.
Но, тоа станува минато со машината на иднината – Swash. Оваа машина може да ја освежи, да ја испегла и да ги отстрани непријатните мириси од облеката и тоа само за десетина минути.
Swash функционира на тој начин што течноста ја распрскува диретно по облеката, а потоа истата поминува низ уред во кој циркулира воздух и ја суши и сето тоа е готово за 10 минути, пренесува Daily mail.
Зад дизајнот на оваа машина за перење, чија висина е 1,3 метри, стојат Whirpool и P&G, а во предпродажба ќе чини 499 долари. Оваа машина е идеална за во спална соба или да се смести во некој агол каде што нема да зафаќа многу простор.
“Разговаравме со голем број луѓе во изминатите годините, кои велат дека посакуваат да имаат подобар начин за грижа, перење и пеглање на алиштата“, вели Чарлс Пирс, претседател на групацијата P&G.
Swash може да се користи за тексас, волна, полестер, ликра, памук, кашмир и тантела.