Yahoo ја купува старт-ап компанијата Flurry

47

A Yahoo logo is pictured in front of a building in Rolle

Интернет компанијата Yahoo ќе ја купи старт – ап компанијата Flurry со цел да ја зајакне својата позиција поврзана со мобилното огласување во кое е далеку зад конкурентите Google и Facebook.

Компанијата Flurry, која е стара шест години, користи аналитика за пронаоѓање на огласи за потрошувачи и тоа за следење на активностите на повеќе од половина милион апликации на околу 1,4 милијарди мобилни уреди ширум светот. На тој начин, компанијата нуди информации што му помага на маркетингот брендовите полесно да дојдат до посакуваната публика.

“Постигнавме дефинитивен договор за аквизиција на компанијата Flurry, лидер во мобилната аналитика“, стои на блогот на Yahoo.

Цената по која ќе се изврши оваа трансакција не e позната, но извор запознаен со ситуацијата вели дека Yahoo за Flurry ќе плати неколку стотина милиони долари.

Со оваа аквизиција, Yahoo се обидува да го заживее огласувањето преку интернет. Во второто тримесечје од оваа година, приходите на Yahoo од огласи се намалија за 8% на 436 милиони долари.