Компаниите AstraZeneca и Sanofi Aventis повлекуваат лекови од БиХ

84

aptera

Двете водечки светски фармацевтски компании AstraZeneca и Sanofi Aventis ги повлекуваат своите лекови од пазарот во Босна и Херцеговина, но сепак тоа не значи дека земјата ќе се соочи со недостиг од медикаменти, јавува порталот Глас Српске.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на БиХ, Наташа Грубиша, фармацевтската компанија AstraZeneca ги повлекла лековите од тамошниот пазар на основа на нивните деловни одлуки, а компанијата Sanofi Aventis ќе повлече само одреден тип на лекови, кои можат да се најдат и од други производители.

“Овие повлекувања нема да влијаат негативно, ниту пак ќе се наруши системот за снабдување и достапност на лековите во БиХ“, вели Грубиша.

AstraZeneca и Sanofi Aventis произведуваат лекови за тромбоза, кардиоваскуларни болести, дијабетес, проблеми во дигестивниот систем, како и лекови за болести на белите дробови и астма.