Групата Нектар, во чиј состав од 2011 година е и Фруктал започна со нов инвестиционен циклус, односно ширење на бизнисот и влез на нови пазари.
Во Фруктал ја гледаат можноста за ширење на далечните пазари. Поради тоа, компанијата планира од акционерско да се трансформира во друштво со ограничена одговорност.
Промената на статусот ќе донесе поголема ефикасност, а што се однесува до вработените, нивната ситуација нема да се промени. Во исто време во Фруктал ќе започне и репрограмирање на земениот кредит.