Работа на пазарот на трудот во Србија бараат повеќе од 30.000 менаџери и економисти. Менаџерската диплома се добива дури на 147 акредитирани студиски програми, а само во Белград постојат 30-тина економски катедри, а секоја седма академска диплома минатата година била менаџерска, јавува српски Новости.
Хиперпродукцијата на кадри и дипломи е најмногу изразена во областа на економијата. Повеќе од половина од приватните факултети во Србија образуваат економисти и менаџери. Во евиденцијата на Националната служба за вработување, според последните податоци, има 25.661 економист.
“Станува збор за кадри со завршено вишо стручно образование или факултет. Тие на работа, вообичаено, чекаат две години и пет месеци. На работа чекаат дури 5.606 менаџери, а во евиденцијата на Националната служба за вработување во просек се една година и 11 месеци“, велат од службата за вработување во Србија.
Објаснувањето за хиперпродукцијата на овој вид кадар, според пензионираниот професор на Филозофскиот факултет, доктор Иван Ивиќ, е во тоа што е најевтино да се организираат студии за општествени науки. Токму поради тоа, на приватните универзитети не може да се студира машинство, електротехника и слично.