Бугарија извозник број еден на сончоглед во светот

279

 

soncogledБугарија е најголемиот извозник на сончоглед во светот. Оваа земја ја помести Украина од челната позиција во извозот на сончоглед, покажуваат податоците на Светската трговска организација, пренесуваат бугарските медиуми.

Минатата година, Бугарија од извоз на сончоглед инкасираше над 743 милиони долари. Најголем дел од сончогледот од Бугарија се извезува во Холандија, Турција, Франција и Португалија. Најдобра цена на ова растение Бугарија достигнува во Германија и Велика Британија. Со исклучок на овие две земји, бугарскиот сончоглед се продава по цена од 530 до 580 долари за тон, што е околу просечната цена на конкурентните – 600 долари за тон, покажуваат податоците на Бугарската стопанска комора.

Растот на извозот на сончоглед во 2013 година во однос на претходната година е 46%, а просечното зголемување за периодот 2009 – 2013 е 21%. Статистичките податоци велат дека Бугарија има 17,8% од светскиот извоз на сончоглед.

Годишно во Бугарија се сеат од седум до осум милиони хектари земјиште со сончоглед. Минатогодишната жетва донесе принос од 1,4 милиони тони, од кои 2/3 се извезува, а остатокот се преработува во земјата.