Четири милиони евра за рекламирање на бугарската лутеница на рускиот пазар

118

bugarska lutenica

Земјоделскиот фонд на Бугарија позајми околу четири милиони евра за рекламирање на бугарската лутеница на рускиот пазар, јавуваат бугарските медиуми.

Речиси секоја репортажа за Бугарија на најугледните руски телевизии започнува со кадри од земјоделските површини во земјата. Пиперките од Бугарија и нивните преработки имаат голема почит од рускиот пазар. Голем број руски форуми се преполни со рецепти за бугарската лутеница. Токму затоа е донесена одлука за поттикнување промотивна рекламна камања во Русија.

За три години, Бугарија ги таргетира пазарите на Русија и на Обединетите Арапски Емирати со реклами за лутеница, слатко од рози, шеќерен сируп од праски и други автентични производи.

Промоцијата во Дубаи ќе се реализира преку интернет, изработка на најразлични брошури, настапи на саеми, како и репортажи во влијателни печатени медиуми, додека на рускиот пазарот ќе се атакува преку реклами, изложи и снимени материјали.

Во училиштата за готвење во Дубаи и Москва ќе бидат дистрибуирани и бесплатни примероци од бугарската лутеница, како и информации за земјата од каде доаѓаат и на кој начин се одвива производството.

“Неопходно е да ги насочиме нашите напори кон Русија бидејќи интересот на земјата на бугарското земјоделство е огромен“, вели бугарскиот министер за земјоделство, Димитар Греков.