Info connectivity system – апликација што “ве држи за рака“ во текот на патувањето

50

info connectivity

Снаоѓањето на странски аеродром е извор на стрес на голем број луѓе кои патуваат. Дизајнерската агенција Edenspiekermann, основана од графичарот Ерикер Спикермен, нуди решение за овој проблем.

Станува збор за паметно решение до кое Спикермен дојде по три години анализа за тоа како да ги надмине потешкотиите со кои се соочува додека патува низ Европа. Неговиот концепт Info connectivity system е one stop shop, кој на патниците им ги нуди потребните информации за патување на соодветен јазик, јавува Пословни дневник.

Со поддршка на истражувачката иницијатива на Европската унија, Edenspiekermann разви концепт за апликација “што ќе ве држи за рака во текот на целото патување“, од ажурирање податоци за летовите, решение како да се дојде до следиот излез, како и информации за хотелот кога ќе стигнете на посакуваната дестинација. Апликацијата ги нуди сите информации потребени за навигација низ еден аеродром – ги нуди сите прописи поврзани со багажот, обезбедена помош за лицата со инвалидитет, помош во пронаоѓање на најблискиот тоалет, ресторан или продавница.

“Откако ќе пристигнете до конечното одредиште, апликацијата ќе ви дава информации чекор по чекор како со јавниот превоз да го пронајдете патот од аеродромот до следната посакувана локација. Дури нуди и помош при купување на карта за јавен превоз. Оваа апликација нуди и можност за јавување на пријателите и најблиските дека сте на пат кон хотелот. Можеби звучи комплицирано, но така е навистина. Edenspiekermann се обидува да разбере кој може да ги собере сите потребни податоци поврзани со аеродромите, операторите, превозот и се што е потребно“, вели Спикермен.