Barisieur е спој од обичен будилник и апарат за подготовка на кафе. Во моментот кога ќе се активира будилникот се вклучува и грејач, по што започнува подготовката за вкусна шолја кафе.
Зад овој изум стои дизајнерот Џошуа Рену, чија главна цел е одличен почеток на секое утро, најпрво со активирање на будилник, а потоа и со првото и највкусно утринско кафе.
Barisieur е хибриден апарат што го спојува будилникот, што се наоѓа на дното на уредот, додека во горниот дел е сместен апаратот за подготовка на кафе. Посебни грејачи го загреваат садот од нерѓосувачки челик, каде што е сместена водата. Загреаната вода се движи низ тенка цевка до садот каде што е сместено меленото кафе. На средината се наоѓа и дел каде што се чува млеко, за оние кои уживаат во таквиот вкус.
Овој мултифункционален уред може да се набави по цена од 150 до 250 фунти.