Бугарија очекува 12% пад на приходите од туризмот

73

plaza

Туристичката бранша во Бугарија на крајот на летната туристичка сезона очекува околу 10% – 12% помалку приходи, прогнозира шефот на Институтот за анализи и проценки во туризмот, Румен Драганов, пишува Труд.

Лошата прогноза е поврзана со одливот на руски туристи и намалувањето на цените за речиси 10% во август.

Негативниот тренд ќе продолжи и во текот на следното лето, поради пропаѓањето на неколку руски тур-оператори, девалвацијата на рубљата и намалувањето на куповната моќ на руските туристи. Русите оваа година помалку трошат за дополнителни услуги, како лежалки, чадори, посети на ресторани… Како што вели Драганов, трговците се жалат дека Русите веќе не ги полнат количките.

Одлив на странски туристи предизвика и лошото време. Поради лошото време и поплавите во приморјето, хотелиерите ги намалија цените за 10%.

Туристичката бранша инсистира при изготвувањето на буџетот за следната година да се обезбедат повеќе средства за рекламирање на туризмот, за да се спаси следната туристичка сезона.