Романија: Рудник на сол трансформиран во тематски парк

312

t1

Ова не е сцена од сет за снимање на научно-фантастичен филм на Ридли Скот, туку дел од рудниците за сол Турда, кои се наоѓаат во Трансилванија, во близината на Клуж, Романија.

t2

Рудниците датираат од 17 век. Од нив се извадени преку три милијарди тони сол, рачно или машински, без експлозиви, а сега огромните ископи се претворени во огромен подземен тематски парк и спа.

t3

Паркот, освен што има мини голф терени, езерце и простор за спортски активности, претставува и историски музеј кој се протега на три нивоа, што се всушност три различни рудници – Терезија, Рудолф и Жизела.

t4

Рудниците нудат уникатна клима, без алергени и бактерии, што ги прават совршени за оние кои боледуваат од астма. Влажноста е 80%, а температурата се одржува на 11 до 12 степани Целзиусови.

t5

t6