Метална рамка на Samsung Galaxy Alpha како одговор на iPhone6?

43

samsung_galaxy_alpha_gold

На сметка на Samsung долго време пристигнуваа критики поради упорното користење на пластиката како главен материјал за изработка на паметните телефони. Но, новиот Galaxy Alpha ќе ја прекине таа традиција.

Станува збор за паметен телефон на Samsung во чија изработка се користи метал, а тоа само по себе претставува новина. Сепак, металот се користи само за изработка на рамката на куќиштето, додека остатокот и понатаму ќе биде од пластика, како и досега.

Дебелината на телефонот ќе биде шест до седум милиметри, а ќе тежи 115 грама, додека резолуцијата на 4,7-инчниот екран е 720 пиксели. Во процесорот Exynos 5 Octa се вградени 2 Gb Ram и 32 Gb flash меморија без можност да се користи мемориска картичка, пренесува порталот bug.hr.

Во уредот е вградена и надворешна камера со резолуција од 12 мегапиксели, а предната е со резолуција од 2,1 мегапиксели.

Galaxy Alpha ќе почне да се продава во 150 земји во текот на септември, но се уште не е познато која ќе биде неговата цена.