Слабиот род на лешници ќе ги качи цените на чоколадните производи?

40

chocolate-and-hazelnuts

Произведувачите на чоколадо се уште се борат со зголемувањето на цената на какаото, а ќе треба да се соочат со глобален недостиг на лешници.

Цената на лешници се зголеми за повеќе од 60% оваа година, откако лошото време ги уништи посевите во Турција, најголемиот производител во светот. Околу 70% од насадите на лешници во светот се одгледуваат во близина на брегот на Црното Море во Турција, но жетвата оваа година веројатно ќе биде многу сиромашна, поради лошото време и мразовите што во март го зафатија ова подрачје, во најважниот период од развојот на дрвјата, пишува The Guardian.

Се уште не се знае колкава е штетата од лошото време, но Турција смета дека ќе може да испорача само 540.000 тони лешници од предвидените 800.000 тони.

Најголеми купувачи на лешници се италијанскиот Ferrero, кој откупува околу 25% од светските залихи и британската Cadbury, која е во сопственост на американскиот конгломерат Mondelez.