Топ 10 професии што ќе бидат најбарани во 2013 година

35

profesii

Фото: Pixabay

Барате нова работа? Ако сте сметководител, програмер или аналитичар на пазари, има големи шанси да ја најдете следната година. Овие три професии ќе бидат најбараните професии во 2013 година, покажува анализата на консултантските компании CareerBuilder и Economic Modeling Specialists Intl. (EMSI).

Истражувањето се базира на информациите од пазарите на труд, добиени од преку 90 национални и јавни извори за вработување, вклучувајќи детални информации за вработените и само-вработените работници, притоа следејќи го зголемувањето на бројот на вработените од одредена професија од 2010 година па наваму, пишува Форбс.

Професиите за кои ќе се бара диплома и за кои ќе има најголемо побарување на пазарот на труд следната година се следниве:

1. Програмери (апликации и системски софтвер)

70.872 работни места од 2010 година, 7% раст

2. Сметководители и ревизори

37.123 работни места од 2010 година, 3% раст

3. Аналитичар на пазар и маркетинг специјалист

31.335 работни места од 2010 година, 10% раст

4. Аналитичар на компјутерски системи

26.937 работни места од 2010 година, 5% раст

5. Човечки ресурси

22.773 работни места од 2010 година, 5% раст

6. Систем администратор

18.626 работни места од 2010 година, 5% раст

7. Трговски претставник (трговија на големо и производство)

17.405 работни места од 2010 година, 4% раст

8. Инженери за безбедност на информации, веб програмери и експерти за компјутерски мрежи

15.715 работни места од 2010 година, 5% раст

9. Машински инженер

13.847 работни места од 2010 година, 6% раст

10. Индустриски инженер

12.269 работни места од 2010 година, 6% раст