Икеа по Загреб ќе гради уште осум продажни објекти на Балканот

72

ikea, katalog

Шведскиот произведувач на мебел Икеа, во четврток, 21 август ќе го отвори својот прв продажен објект во Хрватска. По Загреб, Икеа ќе гради центар и во Љубљана, уште два во Хрватска (Сплит и Риека) и пет во Србија (два во Белград, по еден во Ниш и Нови Сад и еден во централна Србија), пишува словенечки Финанце, пренесува Т-Портал.

“Што се однесува до центарот во Љубљана, нема новости за финализација на закуп на земјиште”, вели Игор Штефанац, претставник на Икеа за Хрватска и Словенија.

Икеа планира центарот во Љубљана да почне да го гради следната година, на 84.000 метри квадратни, на земјиште што треба да го купи од компанијата Триглав.

Во Икеа во Загреб ќе работат 349 луѓе, а цените на повеќето производи ќе бидат нешто пониски, но приближно како оние во центрите во Австрија и Италија.