YouTube, кој е во сопственост на Google, ќе добие нов музички сервис наречен YouTube Music Key, пишува The Guardian.
Од YouTube не коментираат, но уште во април потврдија дека работат на нов музички стриминг сервис. YouTube Music Key би можел да го олесни аудио делот на YouTube за слушање на мобилни телефони и ќе овозможи офлајн слушање на музика. Новиот сервис ќе нуди официјални албуми, изведби во живо и ремикси, кои тешко можат да се најдат на конкурентскиот сервис Spotify.
Услугата ќе се плаќа 10 долари месечно и ќе има 30 дена бесплатен тест период.