Twitter ќе ги повлекува фотографиите на починатите корисници

41

twitter

На барање на фамилиите, Twitter ќе ги повлекува фотографиите и видео содржините од починатите корисници. Повлекување може да бараат само роднини или лица кои имаат дозвола за тоа. Сепак, од компанијата предупредуваат дека сите барања мора да бидат разгледани, а јавниот интерес или информативната вредност ќе бидат земени во предвид пред повлекувањето на информациите, јавува CBS.

Facebook веќе дозволува на блиските роднини да бараат деактивирање на профилите на починати лица.