Pickbox.tv, првата регионална интернет телевизија присутна и во Македонија

69

Pickbox slika 1

Pickbox, првата регионална интернет телевизија, со задоволство го објавува своето присуство и во Република Македонија. За минимална месечна претплата корисниците на Pickbox ќе можат да уживат во повеќе од 3.000 часови филмска содржина на барање (on-demand).

Pickbox на корисниците им овозможува да гледаат телевизиска содржина преку интернет во форма на играни, сериски, цртани и документарни филмови тогаш кога тие сакаат и на уредот кој тие ќе го одберат.

Претплатниците на Pickbox, своите омилени филмски содржини, преведени на македонски јазик, можат да ги гледаат на компјутер, телефон и таблет, а со почетокот на есента тоа ќе можат да го прават и на Smart TV.

Корисниците на Pickbox ќе можат да уживаат во хит серијата, штотуку наградена со Emmy  награда – Breaking Bad, како и новите хитови Masters of Sex и Blacklist.
Pickbox, помеѓу останатото ја нуди и категоријата Hotbox, наменета за оние кои сакаат новите серии да ги гледаат веднаш после нивното премиерно прикажување. Новите епизоди на хит сериите во Hotbox се достапни за само 24 часа после нивната светска премиера. Во Hotbox понудата веќе беше вклучен светскиот ТВ спектакал Vikings, како и научно-фантастичната серија закитена со Златен Глобус за најдобра женска улога – Orphan black.

Месечната претплата за Pickbox изнесува 305 денари, при што можат да се одберат до два уреди на кои може да се користи една претплатничка сметка. Плаќањето е припејд, месец за месец, без никаков обврзувачки договор.

Сите оние кои сакаат да ја погледнат моменталната понуда на ТВ сериите и филмовите на Pickbox, можат да се регистрираат бесплатно на следниот линк: https://www.pickbox.tv/Register

Pickbox е регионална СВОД (SVOD-subscriber video on demand) услуга која на корисниците им овозможува он-лајн гледање ТВ серии и филмови преку компјутер, таблет или паметен телефон. Корисникот може да се претплати на месец, три месеци, шест месеци и една година за услугата, и неограничено да ги гледа сите содржини на услугата, легално, без чекање, без “поп-апови“, без реклами, било каде, било кога.

Целата содржина е достапна во Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Црна Гора и Македонија, локализирана на јазикот на земјата на корисникот – корисниците можат да го бираат јазикот на титлите.