Apple го гради новиот Кампус 2 во Купертино, Калифорнија. Објектот со футуристички изглед, во средината ќе има оргомен двор со зеленило, велосипедски патеки и патеки за шетање.
Кампусот со кружна форма се гради на местото каде што претходно беа канцелариите на Hewlett Packard (HP), првата компанија во која работеше Стив Џобс, на површина од 260.128 метри квадратни. Ќе има аудиториум со 1.000 седишта, подземен паркинг од неколку нивоа внатре и надворешен паркинг од четири ката. На овој простор ќе работат 12.000 – 13.000 луѓе. Вработените ќе можат да се рекреираат во фитнес центар. Објектот ќе се напојува со сопствена струја, а главната градска струја ќе се користи само во итни случаи.
Проектот е на британското архитектонско студио Foster and Partners, под водство на архитектот сер Норман Фостер, препознатлив по модерен, хај-тек и уникатен пристап кон големи објекти.
Како изгледа кампусот снимен со дрон, погледнете подолу.