Find me – апликација што ги наоѓа изгубените предмети

61

find me aplikacija

На секој од нас почесто или поретко му се случува да губи време барајќи некој важен предмет, како што се клучеви, паричникот и слично, кои имаме навика да ги оставиме на место за кое подоцна не може да се сетиме.

Но, и на таквите проблеми им се ближи крајот со помош на апликацијата Find me, што ја развија група студенти од Деловната академија во Сплит. Студентите, кога учеле за економската позадина на добрите идеи и иновативни производи, случајно се нашле во ситуација да доцнат на предавање бидејќи ги барале своите клучеви или паричник, што резултираше со идеја за оваа апликација, пишува Пословни дневник.

Целта на Find me е да им се олесни секојдневниот живот на луѓето. Апликацијата користи нискоенергетска Bluetooth технологија во пронаоѓање на изгубените предмети. Се состои од мобилна, десктоп апликација, како и Find me уреди за паричник, клучеви и универзални уреди. Системот е конципиран така што сите елементи меѓусебно се поврзани и се овозможува двонасочна комуникација, со што многу брзо и едноставно се пронаоѓаат изгубените предмети.

Find me уредот за паричник, клучеви и универзалниот Find me уред содржат лед диоди, звучници и посебни сигнализатори, што помагаат полесно да се пронајдат и меѓусебно да комуницираат. Универзалниот уред е најкорисен кога станува збор за пронаоѓање на далечинскиот управувач. Овој уред може да се постави и на куферот и на тој начин полесно да се пронајде багажот на аеродроморите, а исто така е корисен и за лоцирање на домашните миленици.

Оваа технологија е осмислена минатата година од страна на иноваторот Џон Митс и американската компанија StickNFind која денес е светски лидер во нискоенергетска Bluetooth технологија која дизајнира, развива и произведува уреди кои служат за пронаоѓање на загубените предмети.