Отворена прва интернет пивотека во Словенија – Birbox

55

pivo

Во Љубљана деновиве почна да работи интернет пивотека во која можат да се нарачаат словенечки и светски брендови на пиво. Пивотеката Birbox ја осмисли и реализира Дејан Жердин, економист по струка.

“Културата на конзумирање пиво кај нас е во пораст. Покрај големите пиварници минатата година се отворени и шест микропивари, па верувам во овој бизнис модел, иако сум свесен дека за успехот на пивотеката ќе пресуди пазарот. Ако ги гледаме податоците, просечен Словенец годишно пие околу 26 литри пиво”, вели Дејан за словенечки Дневник.

Освен словенечки, на Birbox се продаваат пива и од Белгија, Германија, Ирска, САД… На подрачјето на Љубљана пивата се доставуваат директно, а на други локации преку пошта. Освен пиво, оваа онлајн продавница нуди и чаши и маици, а постои опција за месечни нарачки на пиво со попуст.