Twitter добива Buy now копче

41

buy now twitter

Социјалните мрежи освен за дружење, поврзување, комуникација и споделување на своите корисници им нудат и други видови на услуги што ќе им го олеснат секојдневното функционирање.

Twitter им овозможи на корисниците купување на производи или услуги директно преку оваа социјална мрежа и тоа преку инсталирање на копчето buy now.

“Почнавме да го тестираме новиот начин за пронаоѓање и купување на производи преку Twitter. За мал процент на корисници на нашата мрежа во САД, кој со текот на времето ќе се зголемува, некои твитови од нашите партнери што се дел од овој тест, ќе ја понудат опцијата buy“, се наведува на официјалниот блог на Twitter.

On line купувањето ќе се реализира директно преку Twitter, односно нема да се префрли на веќе постоечка интернет страница за тргување преку интернет.

На почетокот на месец мај најпопуларната интернет продавница Амазон и Twitter најавија мошне интересна интеграција на нивните услуги. Купувањето на Амазон е возможно и директно преку Twitter и тоа без да се напушти таа социјална мрежа.