Привремено запрено производството на фиат 500L

63

fiat_500l

Компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС) соопшти вчера дека во фабриката за автомобили во Крагуевац привремено е запрено производството на моделот 500L за да се зачуваат ресурсите и наскоро да бидат во полна функција.

“Причините за привремениот застој се од екстерен карактер и се однесуваат на случувањата на европскиот и светски автомобилски пазар, кој е условен од економски параметри и од самата економска криза”, стои во соопштението на ФАС, јавува Танјуг.

Од компанијата истакнуваат дека во современото работење, привремено, краткотрајно запирање на производството е една од вообичаените методи кои успешно се применуваат во вакви ситуации и и овозможуваат на компанијата брзо да продолжи со работа.

Од самостојниот синдикат на фабриката за Танјуг велат дека работниците не работат од 5 до 9 септември и за тоа време ќе примат 65% плата, но имаат неофицијална најава дека прекинот ќе трае уште неколку дена.

Според последните податоци на српското министерство за финансии, ФАС во првите седум месеци од оваа година остварил извоз од 921,6 милиони евра и убедливо е на првото место на листата 15 најголеми српски извозници. Во 2013 година ФАС оствари извоз во вредност од 1,531 милијарди евра.