10 вештини потребни за успех во 2013

55

golf

Фото: Pixabay

Можете да завршите некаков курс, да совладате некоја нова техничка вештина, да сте експерт за C++, но тоа не значи дека така полесно ќе најдете работа следната година, која по некои показатели се предвидува дека ќе биде тешка година. Следната година најмногу кадри ќе се бараат во ИТ индустријата, но ќе се бара многу повеќе од техничка и програмерска подготвеност, пишува Форбс.

Ова се 10-те најважни вештини што треба да ги поседувате, ако сакате да стигнете до подобро работно место:

1. Критично размислување

Користење на логика за идентификување на силата и слабостите на алтернативните решенија, заклучоци или пристапи до проблемот.

2. Комплексно решавање на проблеми

Идентификување на комплексни проблеми и разгледување на информациите поврзани за развој и оценка на опции и имплементации на решенија.

3. Расудување и донесување одлуки

Согледување на релативните трошоци и бенефиции на потенцијалните дејства и да се изберат најпогодните.

4. Активно слушање

Посветување целосно внимание на она што го кажуваат луѓето, разбирање на направените поенти, поставување прашања на културен начин, без прекинување.

5. Компјутери и електроника

Познавање на процесори, електронска опрема и хардвер, вклучувајќи апликации и програми.

6. Математика

Познавање на аритметика, алгебра, геометрија, статистика и нивна примена.

7. Операции и системска анализа

Определување како систем или операција би работеле и како промената на условите, операциите и околината ќе влијае на резултатите.

8. Мониторинг

Следење и оценување на ефикасноста кај себе, кај други поединци или организации и да се направат подобрувања или да преземе акција да се корегира.

9. Програмирање

Правење компјутерски програми за различни намени.

10. Продажба и маркетинг

Познавање на принципите и методите на презентирање, промоција и продажба на производи или услуги. Познавање на маркетинг стратегии и тактики, техники за продажба и контрола на системот за продажба.