Дилема: Дали да се биде сакан лидер или лидер – страв и трепет?

250

Николо Макијавели, италијански политичар, писател и филозоф, ја изговорил познатата реченици “Посигурно е да бидеш оној од којшто ќе се плашат, отколку оној што го сакаат“. Дали може овој совет да се примени во бизнисот денеска?

Сите вработени посакуваат да работат со добри и симпатични менаџери, ама ретки се тие што уживаат во тоа. Меѓутоа, дали тие карактеристики ги прават менаџерите одлични во својата работа? Некои тврдат дека е поефикасно да се употребува тактиката на страв за да се дојде до резултати. Други пак тврдат дека менаџерите што ги поддржуваат своите вработени се најпродуктивни. Кој е во право?

Менаџер чудовиште

Повеќето луѓе барем еднаш во животот биле во работен однос со ваков вид на менаџери. Тоа се оние шефови што во пракса спроведуваат микро менаџмент, кои ви стојат над глава, “дишат во врат“ и ви даваат команди се додека не се препотите. Кога се лути, сите луѓе во канцеларијата се свесни за тоа. Пцујат, покажуваат со прст, фаворизираат одредени вработени, арогантни се и дволични. Тие во компанијата владеат со “железна рака“ и на сите сакаат да им наметнат авторитет. Заради нив се чувствувате многу непријатно на работното место. Дали ова води кон зголемена продуктивност? Дали е вистинскиот пристап?

Менаџер месија

Можеби сте ја доживеале и другата страна на паричката – менаџер којшто ги почитува вработените, знае како да го мотивира тимот, создава позитивно работно опкружување за сите вработени и прави чуда во кризни ситуации. Таквите менаџери секогаш се позитивни и енергични, секогаш се однесуваат професионално, им покажуваат на вработените дека се грижат за нивната работа и дека ја ценат. Тие ги признаваат заслугите на другите, го вреднуваат трудот и ги наградуваат добрите работници. Исто така ја примеуваат во пракса идејата за флексибилност и им помагаат на вработените да одржат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот. Под вакво водство вработените често се мотивирани и продуктивни.

Фото: Pixabay