Во Ниш е отворен погон на фабриката за електромотори Џонсон Електрик, во кој се вработени 250 работници, а вредноста на инвестицијата изнесува 20 милиони евра, јавува Танјуг.
Планирано е до крајот на 2016 година во Џонсон Електрик да бидат вработени 1.050 луѓе, главно висококвалификувани експерти од областа на електрониката. Електроинженерите што ќе работат во новата фабрика претходно поминаа неколкумесечна обука во Кина.
За секој вработен во оваа фабрика, државата Србија ќе издвојува по 9.000 евра субвенции, пишува Политика.
Седиштето на оваа мултинационална компанија е во Хонг Конг, а вработува преку 30.000 луѓе во околу 30 земји.