Фиат најголем извозник во Србија и покрај прекинот во производството

59

fiat 500 l

Во првите осум месеци од оваа година, компанијата Фиат оствари извоз во износ од 947,2 милиони евра и со тоа ја зазеде првата позиција на листата 15 најголеми српски извозници, јавува Танјуг.

Компанијата Фиат, како што се наведува, е водечкиот извозник во првите осум месеци, и покрај забавување на извозот во август поради колективниот годишен одмор и редовниот ремонт на фабричката опрема.

На второ место е компанијата НИС, која од јануари во август постигна извоз од 255,4 милиони евра, додека со извоз од 158 милиони евра, компанијата Тигар се најде на третата позиција.

На списокот најголеми извозници се и Горење со 120,4 милиони евра, ХИП Петрохемија со 118,3 милиони евра и Железара Смедерево со 115,6 милиони евра.

Компанијата Тетра Пак во странство пласираше стока во вредност од 101,8 милиони евра, Хемофарм со 95,5 милиони евра, потоа следат Таркет со 82,4 милиони евра и Yura Corporation со 79,8 милиони евра.