Плитвички езера поплавени – туристите воодушевени

68

6

Поради обилните дождови и зголемување на водостоите на реките во Хрватска, и Плитвичките езера бележат свои рекорди. Водата однесе дел од патеките, а поплавените патеки кај долните езера се затворени за посети, нешто што не се случило во последните 45 години, јавува ХРТ.

Но, и покрај забраните, иако видно се истакнати натписи дека одењето по патеките е забрането, туристите шетаат по делумно потопените патеки, а билетот се продава за 50% поевтино.

“Водостојот на Плитвичките езера е исклучително висок, имаме доста поплавени шеталишта во системот на Националниот парк. Некои делови се затворени за посетителите, додека на други делови надзорната служба предупредува на високиот водостој, односно на водата на патеките. Службата за надзор постојано ја следи состојбата на поплавениот терен, ги предупредува посетителите за моменталната состојба, а она што изненадува се забелешките на туристите дека всушност не требало да се намалува цената на билетот, затоа што овој феномен на поплавени патеки е единствен и обиколката на паркот ја прави незаборавна”, вели портпаролот на НП Плитвички езера Огнен Борчиќ за Т-Портал.

Во паркот велат дека доколку посетителите сами одлучат да одат во обиколка на поплавените подрачја, надзорната служба ќе ги поредупреди дека прошетката е отежната, дека е можно да се повредат, но можат да продолжат на сопствена одговорност.

7

1

2

3

4

5

8

Фото: Т-Портал/Индекс