Во центарот на Сараево е отворена продавница во која се што се продава е 100% домашно производство, произведено во БиХ. Продавницата во која се продаваат домашни јајца, сирење, тестенини, производи од сушено и чадено месо, туршии, ајвар, мед, чаеви, свежи овошје и зеленчук… е резултат на повеќегодишна работа на мали земјоделски производители од разни краеви на земјата, јавува Радио Сараево.
“Во БиХ се знае што е квалитетна храна, но луѓето за жал немаат каде да купуваат домашни производи. Добар дел од понудата се производи произведени според стари и проверени рецепти и често ни се случува купувачите да кажат дека ги потсетуваат на детството. Друго што не радува е кога клиентите ни велат дека навистина уживаат во вкусот и мирисот на вистински домат. Домашната храна ја замени индустриска храна, но тоа полека се менува”, вели Шемсудин Маљевиќ од тимот на Шпајз.
Производите се произведени беа употреба на било какви вештачки додатоци и редовно се контролирани од надлежните институции.
Следејќи ги желбите и апетитите на своите потрошувачи, тимот на Шпајз воведува и некои веќе скоро заборавени производи на домаќинките, како на пример слатко од црница или од тиква, кои се најинтересни за клиентите.