Новата банкнота од 10 евра од денеска е во оптек

evro

Новата банкнота од 10 евра, подобро заштитена од потенцијално фалсификување, денеска ќе биде пуштена во оптек. Според Европската централна банка, новата банкнота од 10 евра има неколку подобрувања во споредба со претходната, во однос на заштитата. Лесно може да се провери дали е фалсификувана, тоа се забележува и со поглед, но се чувствува и на допир. На рабовите има поизразени релјефни линии кои можат да се почувствуваат со благ допир со прстите.

Новата банкнота има неколку обележја кои го отежнуваат фалсификувањето. Новите банкноти имаат заштитен слој кој го продолжува векот на траењето. Има воден печат и холограм со портретот на божицата Европа, поради што ќе биде многу тешко да се фалсификуваат.

Старите банкноти ќе бидат во оптек истовремено со новите.

Ова е втора банкнота од серијата Европа. Во мај минатата година беше пуштена во промет нова банкнота од пет евра.