Downs designs е името на компанијата за креирање и производство на облека за лицата со Даунов синдром.
Идејата за започнување на ваков бизнис доаѓа откако Карен Боуерсокс, сопственичка на компанијата, се соочила со предизвикот каква облека ќе носи нејзината внука, која имала Даунов синдром. Поради тоа, заедно со нејзината ќерка одлучиле да им помогнат на сите деца со овој синдром да можат да добијат облека што ќе им одговара и ќе им биде удобна.
На Kickstarter, оваа бизнис идеја доби финансиска поддршка од 22.651 долари, иако првичната побарана сума била 5.000 долари.
“Нашата цел е да креираме облека за лицата за Даунов синдром да бидат повеќе независни, да имаат повеќе доверба, повеќе можности да живеат поисполнет и посреќен живот“, наведуваат креаторите на оваа идеја на Kickstarter.