Турција го претстави новото извозно лого

36

turcija

На свечена церемонија, Турција вчера во Истанбул го претстави новото лого што ќе го користи за стоката за извоз, како дел од напорите да се подобри трговијата на земјата.

Новото лого Turkey, discover the potential (Турција, откриј го потенцијалот) ќе го замени старото лого Made in Turkey (Произведено во Турција).

Турската организација на извозници очекува новото лого да стане заеднички идентитет за турските стоки и со тоа да ја зајакне перцепцијата на турската стока во странство, пишуваат турските медиуми.