Нов број за кориснички услуги на Македонски Телеком и Т-Мобиле

148

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија воведуваат нов, заеднички број за кориснички услуги. Отсега, бројот за приватни корисници за двете компании е 122, а за поддршка на бизнис корисниците 120. Досегашните броеви за T-Home корисниците: 171, 170, 177 и 080012345 ќе бидат активни паралелно со новите броеви извесен период.

Адресата на е-поштата на контакт центарот на Т-Мобиле останува ист: kontakt@t-mobile.mk, а на Македонски Телеком од  171@telekom.mk, се менува во 122@telekom.mk.

Воведувањето на еден заеднички број за двете компании е во корист на корисниците кои сега на едно место и со вртење само на еден број ќе можат да дојдат до сите информации кои им се потребни.