Со апликација за личен дигитален тренер, Хрвати ќе го освојуваат американскиот пазар

52

app

Преку апликацијата на Никола Мратиниќ и Лука Мацнер, во неколку едноставни чекори секој може да добие свој дигитален личен тренер. Апликацијата сама ги осмислува вежбите и програмата за тренинг.

Идејата настанала кога младите Хрвати сфатиле дека се повеќе луѓе бегаат од теретаните за да вежбаат во природа.

“‘Street workout тренирање е тренирање со сопствената тежина, што значи нема потреба од справи, туку се прават склекови и слични вежби”, вели Никола за Дневник.хр.

За само еден месец вредноста на нивната фирма е проценета на преку еден милион долари, но Лука и Никола не ланираат да ја продадат. Заедно со унгарски инвеститори наскоро во Силиконската долина ќе се претстават на богатиот американски пазар.