Бугарската Агенција за лоза и вино им дозволи на производителите да го зголемат природното ниво на алкохол во виното со додавање на шеќер, соопшти шефот на Агенцијата Красимир Коев, пишува весникот 24 часа. Поради неповолните временски услови, грозјето немаше можност добро да созрее и е со помала блажина.
Секоја винарија која ќе се одлучи да додаде шеќер, тоа ќе го прави под контрола на Агенцијата, вели Коев. Додавањето на шеќер ќе биде под мониторинг, за да не се дозволи некои производители да стават повеќе шеќер од дозволеното.
Додавањето шеќер е вообичаена практика во северните делови на Европа, како на пример Германија, каде температурите се пониски и нема доволно сонце за грозјето добро да созрее. Во Бугарија, во последните пет години не е одобрувано да се додава шеќер во виното.
Според европските регулативи, дозволено е да се додаде до 1,5 г шеќер на литар, за да се добие подобро вино.